Најсреќниот момент се претворил во трагедија: Млада девојка почина само ден по свадбата

 

Голема трагедија ја потресе Босна. Младата Алдина Дедиќ Часуровиќ починала само еден ден по својата свадба. 

Како што пишуваат босанските медиуми, Адина умрела на 7 јуни, само ден откако го кажала судбоносното ДА. Таа и нејзиниот избраник биле пет години во врска, а големата несреќа се случила откако се решиле да почнат заеднички живот.

Голем број роднини и пријатели кои се во шок и неверување, на 8 јуни се собрале со куќата на девојката каде сите биле завиени во црно. 

Младата девојка претходно немала здравствени проблеми. Починала откако и пукнала аортата.

Сите кои ја познавале Алдина велат дека била убава млада девојка полна со живот и енергија, секогаш насмеана, позитивна и спремна да помогне.

 

 

Оцени ја веста

10.06.2015 - 14:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега