Маж се заканува дека ќе се запали во својот стан

 

67 годишен маж се заканува дека ќе се самозапали заедно со уште едно неподвижно лице во стан во Белград, јавуваат српските медиуми. Според информациите, мажот се решил на ваков чекор откако полицијата дошла да го исели од станот кој го добил како наследство од мајката на неговиот неподвижен состанар за кој се грижел 9 години.
Имено, жената пред својата смрт во тестаментот му го оставила станот на 67 годишниот Д.М. за да се грижи за нејзиниот неподвижен син.
По 9 години, роднини на жената се јавиле барајќи право на наследство на станот по што судот пресудил во нивна корист.
67 годишниот Д.М. сега со канта бензин се заканува дека ќе се самозапали задно со станот и инвалидизираното лице, а соседите се во паника.

 

 

Оцени ја веста

10.06.2015 - 13:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега