Пеколен бран над Македонија - за викендот температури близу 40 степени

 

Денес времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 32 степен.

Хидрометеоролозите најавуваат дека во наредните денови нашето подрачје ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ, при што за време на викендот и во почетокот на следната недела дневната температура ќе биде повисока од просечната за овој период од годината. Се најавуваат температури кои во некои делови на Македонија ќе се доближат до 40 степени.

Во попладневните часови се уште на некои места ќе има појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во планинските подрачја.

 

 

Оцени ја веста

10.06.2015 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега