Најмалку 20 повредени во експлозија во кафуле
Најмалку 20 лица денеска се повредени кога автомобил влетал во ресторан во малиот австралиски град Рејвенш, на север од континентот, притоа удрил во плинска боца, предизвикал пожар и потоа, како што наведоа очевидци, „апсолутен хаос“.
Автомобилот, на пладне по локално време, влетал во ресторанот во Рејвенш, што се наоѓа на 1.700 километри северно од главниот град на австралиската држава Квинсленд, Брисзбејн, изјави портпаролот на полицијата, пренесуваат француските медиуми.
-Автомобилот со голема брзина удрил во плинска боца, што потоа се запалила и ресторанот бил зафатен од пожар, изјави тој.
На повредените веднаш им е укажана прва медицинска помош. Повредените главно се здобиле со изгореници, а пожарот бил изгаснат за еден час.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа