Во тајните подруми на Хитлер пронајдено непроценливо богатство

Додека луѓето во Германија кон крајот на Втората светска војна гладувале, нацистичкиот лидер во замокот Морицбург, кој се наоѓа на околу 160 километри од Берлин, чувал шишиња со скапоцен коњак и шампањ.
Адолф Хитлер не бил љубител на коњакот и шампањот кои биле пронајдени во подрумите на замокот Морицбург, кој му припаѓал на принцот Ернест Хајнрих Саксонија, но сакал неговите војници да се гостат само со најквалитетни работи. Сега, тие негови подруми со пијалоци се отворени, а во нив останале неколку неотворени шишиња, пишува Daily Mail.
Реставраторот Силвио Стелцер го открил местото каде што се чувале пијалоците за време на реновирањето на овој замок, кој го купил во 2007 година.
Коњакот и другите луксузни пијалоци биле скриени во шест длабоки подруми во близина на замокот во 1944 година.
Стелцер ја обновил оваа барокна зграда, а потоа се насочил кон подрумите. Кога влегол во подрумите, во еден од нив нашол неколку шишиња коњак и шампањ кои го преживеале грабежот на руската Црвена армија.
Храната и пијалоците биле префрлени во овие подруми во 1944 година, кога Берлин бил уништен поради нападите на бомбардерите на Сојузниците.
„Се' било донесено тука за време на ноќта во стотици кутии. Во нив имало алкохол, сирење, колачи, путер, месо, кафе, чоколади и цигари. Принцот Ернест Хајнрих го примил се' ова лично од страна на Фирерот, но не стигнал да ужива во тоа, затоа што се' зеле руските војници", вели Стелцер.
Оцени ја веста
08.06.2015 - 22:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа