Што навистина се случува кога ќе голтнете мастика?

 

Колку се точни приказните кои вашите родители ви ги кажувале во детството дека ќе ви се залепат цревата ако голтнете мастика? А сигурно ви се има случено да го сторите тоа ако не намерно, тогаш случајно. И што се случило потоа? Дали ви се залепиле цревата, желудникот, дали се потребни седум години за организмот да ја свари и исфрли? Еве ја вистината…

Вистината е сосема поинаква. Точно е дека секоја мастика се состои од смола, восок, масти и емулгатори кои не се варат, но желудникот на човекот секојдневно прима одредени количини на несварлива храна, па со тоа, ова не е нешто необично ниту опасно по животот.

Во моментот кога ќе голтнете мастика, нејзините делови кои не се варат остануваат во телото се додека желудникот не се ибори со тоа, а по одредено време се исфрлуваат од организмот.

Но, приказните дека голтањето на мастики е штетно, не е само мит, сведочи фактот дека голем број на проголтани мастики во ист момент можат да создадат проблем со варењето, особено кај малите деца.

Ова секако се случува многу ретко, но кога ќе се случи, тогаш е потребна итна интервенција од лекар.

Така, следниот пат кога ќе голтнете мастика, нема зошто да се грижите, вашиот желудник успешно ќе се избори со неа.

Извор: Вистина.мк

 

 

Оцени ја веста

08.06.2015 - 21:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега