Искористете го летото бидејќи она што би можело да се случи ќе ви ја заледи крвта!
Септември за многумина е ужасен месец, бидејќи го носи крајот на летото. Сепак, оваа година баш во септември можно е човештвото да биде избришано од лицето на земјата поради џиновски астероид.
Теоретичарите на заговори на своите блогови го предвидуваат крајот на светот помеѓу 22 и 28 септември. Предвидуваат пекол на Земјата, но за среќа науката тоа го побива.
-НАСА нема сознанија за астероиди или комети кои во блиска иднина би можеле да се судрат со Земјата, така да веројатноста за удар е многу мала. Всушност, најдобро што можеме да кажеме е дека такво нешто нема да се слуши во следните неколку стотини години, изјави портпаролот на НАСА.
Вреди да се напомене дека повеќето од големите објекти согоруваат при влегувањето во Земјината атмосфера.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа