Приведена мајката на познатиот фудбалер

Шпанската полиција ја привела мајката на Кристијано Роналдо поради шверц со пари.

Имено, полицијата на аеродромот во Мадрид ја привела мајката на Кристијано Роналдо поради обид од земјата да изнесе 55.000 евра во кеш, пренесуваат тамошните медиуми.

Долорес Авеиро, како што пренесува „Ел Мундо Депортиво“,  кусо била задржана од полицијата на аеродромот Барахас, бидејќи се обидела во авионот кој летал за Португалија да внесе значајно поголема сума од дозволените 10.000 евра.

Полицијата конфискувала 45.000 евра, а на госпоѓа Авеиро и било дозволено да се качи на авионот и да го продолжи патувањето.

 

 

Оцени ја веста

08.06.2015 - 16:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега