Кризата удри по Анџелина Џоли и Бред Пит- погледнете што направија

Холивудскиот пар Џоли-Пит вчера со шесте деца патувале со авион на Air France во економска класа.

Холивудските ѕвезди заедно со децата патувале од САД до Франција. Слетале на аеродромот во Париз и се префрлиле во транзит просторот за Ница, каде чекале два часа заедно со другите патници. Тие овај пат не се однесувале како „славни“, туку како секое нормлано семејство.

Иако можат да си допуштат патување со приватен луксузен авион, се откажале од специјалниот третман и патувале во економската класа.

Патниците во авионот биле изненадени кога ги виделе, па одма посегнале по мобилните телефони да го овековечат моментот.

Анџелина и Бред со себе не ги зеле телохранителите, туку само една дадилка. 

 

 

Оцени ја веста

08.06.2015 - 13:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега