Ја закопал жива- монструм си ја убил девојката бидејќи затруднела

Аргентинецот Мануел Мансила жива си ја закопал девојката, Кјара Паез, бидејќи затруднела.

Монструмот со Кјара се забавувал неколку месеци. Четиринаесет годишната девојка си го сакала семејството, тренирала хокеј на трева. Еден ден таа исчезнала, по што цело нејзино семејство ја барало.

По три дена телото е пронајдено во дворот на Мануел, а според обдукцијата Кјара била во осма недела од бременоста и е погребана жива.

Според истрагата во убиството на Мануел му помогнала неговата мајка и нејзиниот невенчан сопруг.

Татко и на Кјара, тажен, на својот Facebook профил напишал- „Навечер кога ќе легнам во кревет јас плачам сам...“

Ова убиство предизвика големи демонстрации во Аргентина против семејното насилство.

 

 

Оцени ја веста

08.06.2015 - 11:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега