Линијата се вжешти - за една недела 899 повици на „Ало докторе!“

Регистрирани се 899 повици за една седмица, од 1 до 7 јуни, на телефонската линија за медицински совет „Ало докторе!“. 

Дваесет и двајца доктори се достапни за медицински совет, а јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија.

- Линијата  02/15 123 е достапна секој ден, 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето, информира ЈЗУ Здравствениот дом Скопје. 

На сите оние лица кои се јавија на телефонската линија, како што се наведува, им е дадена соодветна медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија.

- Јавувањата најчесто се однесуваат на симптомна болка, кардиоваскуларни и респираторни симптоми од променливите временски услови, совети за хроничните болни..., стои во соопштението. 

Од 15 септември 2014 година, од кога почна да работи телефонската линија, досега регистрирани се вкупно 38.003 повици. 

 

 

Оцени ја веста

08.06.2015 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега