Пратениците со полни раце работа

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за одбрана и безбедност, за европски прашања, за надворешна политика, за култура и Законодавно -правната комисија.

Членовите на Комисијата за одбрана и безбедност ќе расправаат по Предлог - законот за дополнување на Законот за управување со кризи во прво читање.

На дневен ред на Комисијата за европски прашања се Предлог - законот за градежните производи во прво читање, како и Предлог-законот за ратификација на Рамковната спогодба помеѓу Република Македонија застапувана од страна на Владата на РМ и Европската комисија за постапките за спроведување на финансиската помош од Унијата за Република Македонија во рамките на спроведувањето на помошта според Инструментот за претпристапна помош (ИПА II).

Членовите на Комисијата за надворешна политика ќе ги разгледаат Предлог-законот за ратификација на Рамковната спогодба помеѓу Република Македонија застапувана од страна на Владата на РМ и Европската комисија за постапките за спроведување на финансиската помош од Унијата за Република Македонија во рамките на спроведувањето на помошта според Инструментот за претпристапна помош (ИПА  II) и Предлог-закон за ратификација на Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина за размена и заемна заштита на класифицирани информации.

На дневен ред на Комисијата за култура е Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на културното наследство во прво читање.

Членовите на Законодавно-правната комисија ќе ги разгледаат Предлог законот за заштита на културното наследство во прво читање, Предлог-законот за ратификација на Рамковната спогодба помеѓу Република Македонија застапувана од страна на Владата на РМ и Европската комисија за постапките за спроведување на финансиската помош од Унијата за Република Македонија во рамките на спроведувањето на помошта според Инструментот за претпристапна помош (ИПА II), како и Предлог-закон за ратификација на Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина за размена и заемна заштита на класифицирани информации.

 

 

Оцени ја веста

08.06.2015 - 09:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега