Форум за идните чекори во евроатлантските интеграции на Македонија

Неформален форум посветен на прашања поврзани со македонските евроатлантски интеграции  меѓу кои и предизвиците за Македонија во новата гео-политичка реалност ќе се одржи денеска и утре во Берово, во организација на Министерството за одбрана.

На форумот ќе се разгледува како и кои се иновативни чекори Македонија може да ги преземе во пресрет на следниот самит на Алијансата и процесот на пристапување кон неа, а ќе бидат разменети експертски мислења и за регионот и позицијата на Македонија во него.

На неформалниот собир, чиј домаќин е министерот за одбрана Зоран Јолевски, ќе учествуваат поранешни министри за одбрана, членови на Парламент и високи претставници на тинк-тенк заедницата во Соединетите Американски Држави. 

 

 

Оцени ја веста

08.06.2015 - 09:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега