Мобилна библиотека во кампот на „Чуверите на демократијата“

Продолжуваат активностите во кампот на „Чуварите на демократијата“ спроти Собранието на Р. Македонија. Денеска денот е посветен на книгата. „Чуверите на демократијата“ поставија мобилна библиотека во паркот каде беа донирани книги од млади љубители на книгата со што се отвори можост за сите уживатели на добрaта книга да можат да поминат квалитетно време дружејќи се со книгата.

Поставувањето на мобилни или маалски библиотеки е идеја на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ која беше реализирана уште пред неколку месеци кога такви библиотеки беа поставени на околу 30 локации низ целата држава.

-Во светот таквите библиотеки функционираат најнормално. На пример во Америка се поставени на 2.200 локации и може секој оној кој што сака да се дружи со книгата и со пишаниот збор може да остави своја книга, да ја замени со друга и откако ќе ја прочита да ја смени, истакна Димче Арсовски потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Арсовски најави дека во текот на денот во кампот на „Чуверите на демократијата“ ќе биде промовирана книга на Александар Сашко Кукулев, „Патувањата на Петар Келеман“.

-Гостин во кампот ќе биде и минстерката за култура Елизабета Канческа-Милевска која што исто така ќе говори за сите реформи кои што се направени со што им се олеснува на писателите и општо на сите оние кои што сакаат да пишуваат и издаваат книги во нашата држава, најави Арсовски.

 

 

Оцени ја веста

07.06.2015 - 20:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега