Ѓорѓи Спасов ги повика граѓаните да не плаќаат сметки

Поранешниот генерален секретар на СДСМ, екс министер и амбасадор Ѓорѓи Спасов, во последно време актуелен по тотално промашените анкети на неговата агенција „Рејтинг“ во колумна објавена во Утрински весник изнесува тотално ступидни и недораснати идеи, коментираат познавачите.

Имено, Спасов во колумната повикува да не се плаќаат сметките за електрична енергија, сметките за радиодифузија, како и неплаќање сметки за мобилните оператори, како чекори со кои опозицијата ќе ги засилела протестите со “вистински Гандиевски методи, а не само со дискозабави“.

-Масовно неплаќање на сметки за радиодифузија, неплаќање сметки за струја, неплаќање сметки за мобилните оператори, штрајкови на ниско платените работници во странските компании, протести и блокирање на раскрсниците во време на најголемиот сообраќај, блокирање на влезовите на државните институции и создавање свест дека без согласност на опозицијата Груевски не може да владее, пишува Спасов.

Упатените коментираат дека Спасов со ова ја покажува својата глупост и непедагошка свест. Кога дел од граѓаните не би ги плаќале сметките како што повикува Спасов, дали тој и неговиот постојан поддржувач инаку главен опозициски стратег Бранко Героски  ќе ги покријат сметките и судските трошоци на граѓаните или пак ќе избегаат и ќе се скријат зад Ганди?

Дали Спасов пред да изнесе вакво тврдење и барање се запрашал што мислат десетиците илјадници вработени во овие компании кои чекаат плата за месецот кој со својот труд професионално го одработиле за да ги издржуваат сопствените семејства. Тие луѓе платата која не би ја добиле поради немање на доволно прибрани средства, треба да ја побараат од Спасов и од неговиот пријател Героски.

Според коментарите на социјалните мрежи, оваа идеја на Спасов е најдиотската смислена некогаш и само е израз на неговата непедагошка свест. Исто така, она што дополнително се поставува како прашање по ваквите најблаго кажани неразумни повици на Спасов е дали анкетарот на СДСМ ги знае актуелните рејтинзи и знае како ќе поминат изборите во април догодина, па однапред ја спрема опозицијата дека не треба да оди на тие избори и да се соочи народната волја?

 

 

Оцени ја веста

07.06.2015 - 15:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега