Ачковска: Зад актуелната власт стои народот

Професорката Виолета Ачковска од Граѓанското движење за одбрана на Македонија во обраќањето пред струмичани синоќа направи паралела помеѓу собирите кои ги одржаа СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, едните на 17 мај, а другит на 18 мај.

Таа рече дека станува збор за две многу различни ситуации, не само по бројноста на пристните граѓани, туку и по пораките кои се испратени на нив.

Ачковска потенцираше дека на 18 мај на народниот собир на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните ја покажале својата определба за демократија, за заштита на институциите и за опстанок на државата, на нејзиното име и на најзиниот идентитет, додека на собирот  на СДСМ на 17 мај  била прикажана безидејност,  деструктивност, непријателство изразено против сопствената држава по наводна борба на тие кои протестираа дека се борат за демокартија. Еден безиден митинг, со голема деструктивност.

- На собирот  на 18 мај бевме сведоци на една огромна позитивна енергија на насмеани лица, патриотизам, на еден жар,  една желба на мнозинството на својот народ да си ја сочува државата, името и идентитетот, истакна Ачковска.

 Пораките и од двата минитинга, вели професорката, не останале незабележани од надворешните посматрачи, оние кои доаѓаат како емисари.

-Се доведовме до една ситуација како Македонци да не можеме да седнеме на маса и да ги решиме нашите клучни проблеми, па треба некој од надвор да доаѓа, но како и да е пораките ги примија. Беа свесни дека не можат понатаму да заштитуваат една деструктивна опозиција бидејќи зад не стои мнозинството на македонскиот народ. Мнозинството на македонскиот народ се покажа на 18 мај на митингот на ВМРО-ДПМНЕ и тоа е факт кој не може  никој да го прескокне, па ни меѓународните посматрачи , посочи таа.

Додаде дека девет години откако дојде на власт ВМРО-ДПМНЕ опозицијата не функционира.

-Јас ќе бидам најсреќен граѓанин на оваа држава кога би имале здрава, патриотска опозиција која си ја сака државата и која секогаш ќе биде корекција на сите грашки кои ги прави било која власат. Тоа е нормално функционирање на демократијата и на ова држава. Но вие имате опозиција која перманетно губи на сите избори и која во очајот бидејќи нема програма, нема идеја, не знае како да ја освои власта , се служи со лаги и деструкција и со девалвирање на сопствената држава и надвор и внатре, истакна Ачковска.

 

 

Оцени ја веста

06.06.2015 - 19:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега