Пандов: Македонија повторно ќе го фати патот на инвестициите и отварање работни места

Изјавите на Заев имаат мал рок на важење и не ретко, во еден ден, два-три пати ги менува истите. Ова го истакна аналитичарот Александар Пандов на трибината на Граѓанското движење за одбрана на Македонија, која вчера се одржа во Струмица и изрази сто процентно уверување дека на парламентарните избори догодина повторно ќе победат ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

-Јас ви гарантирам дека он во среда, со свиткана кичма, како што си знае, ќе си се спакува, ќе си ја фати Радмила Шекеринска под рака и како попчиња ќе си се нацртаат во Брисел и ќе си се додоговорат за она што веќе говореле, истакна Пандов.

Потсети дека на договорот што е потпишан на 2 јуни во Скопје, како гаранти стојат два потписа, на амбасадорот на ЕУ, а тоа е амбасадор кој претствува 17 земји членки и Џес Бејли, претставникот на САД, кој има големо влијание во светската политика.

-На Заев нема да му биде прв пат каде што плукнал да се наведне и да си го излиже плукнатото, додаде аналитичарот Пандов.

Според него, ниту бомбите, ниту пленумите на СОРОС, како што тој го нарекува, немаа резултат.

-Успеаа едвај тие 20.000 луѓе да ги донесат пред Владата, од кои што поголем дел ниту беа СДСМ, туку беа од разни здруженија, подржувачи на хомосексуализмот, подржувачи на Голема Албанија..., а најмалку имаше подржувачи на СДСМ. Многу добро видоа, веќе наредниот ден, што може ВМРО-ДПМНЕ да направи, заедно со македонскиот народ и со цело граѓанско население на плоштадот Пела. Се собраа околу 90.000-100.000 граѓани, со сјај во очите, полни позитивна енергија, луѓе кои си ја сакаат државата, патриоти, луѓе кои едноставно немаат никаква дилема дека се Македонци. Не само на тие што протестираа на 17-ти, туку многу јасна порака дадовме на целата Меѓународна заедница дека македонскиот народ е премногу политички писмен и дека никој, ниту СОРОС со сите милиони кои ги инвестира, со цела таа прљава пропаганда што ја шират, дека не може да не поделат, туку само повеќе не сплотија.

На струмичани им порача дека политичката криза која, како што рече ја создаде СДСМ и СОРОС, е вистински пред крај.

-Следи период на стабилизација на нештата. Македонија повторно ќе го фати патот на инвестиции, на реконструкција на училишта и болници, на правење на нови патишта, на отворање на нови работни места...

 

 

Оцени ја веста

06.06.2015 - 19:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега