ФОТО: Плажата во Ресен ќе блесне за еден месец

Плажата во Стење ќе биде завршена најдоцна за еден месец, изјави министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, при денешната посета во општина Ресен.

Мисајловски заедно со градоначалникот на Ресен, Ѓоко Стрезовски извршија увид во градежните работи на плажата во Стење.

-Имам верување дека плажата за оваа туристичка сезона ќе биде готова, градежните работи се одвиваат согласно планираната динамика и се надевам дека за кратко време повторно ќе дојдеме тука за да ја пуштиме во употреба, изјави министерот Мисајловски.

Градежните активности се во полн ек, мометално се поставуваат платформите во езерото, поставена е конструкцијата за двата шанка, а се постила и со песок. Покрај оваа плажа, веќе се испроектирани уште 1.400 метри плажи на Преспанското езеро.

Министерот најави дека и до крајот на месецот ќе се започне со рехабилитација на патот Битола- Ресен- Буково, најважниот за овој регион, инвестиција од околу 8 милиони евра.

 

 

Оцени ја веста

06.06.2015 - 14:12
Фото: 
курир

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега