Одбележан Светскиот ден за заштита на животната средина

По повод 5 Јуни - Светскиот ден за заштита на животната средина, востановен од ОН, денеска Фондацијата „Конрад Аденауер“ и еколошкото здружение „Гоу Грин“ организираа конференција „Откријте го вашиот обновлив потенцијал“, пренесува МИА.

- Конференцијата има за цел да стимулира свесност, преземање акции за заштита на животната средина, едукација, развивање на потенцијалот кој младите го имаат во себе и тој да се искористи во време на енергетска транзиција и климатски промени, рече Елеонора Јовановиќ од „Гоу Грин“.

На конференцијата, како што рече, учествуваат гости од Амбасадата на Франција во Македонија, ученици, средношколци од Штип, Прилеп и Скопје и студенти од факултетите во Скопје. Учесниците ќе дискутираат за зелено кариерно насочување, за иновативни решенија за енергетска ефикасност и за енергетски менаџер. 

Јоханес Раи од Фондацијата „Конрад Аденауер“ потенцира дека нивна целна група се младите кои, како што рече, мора да бидат пример за наредната генерација. На младите им порача да делуваат во практика, да ја штедат водата, да патуваат со велосипед, да пазарат со платнени ќеси...

- Меѓу младите е зголемена свеста за животната средина. Политиката за животната средина е интернационална тема и не засега сите нас. Ова го разбира секој млад човек, рече Раи. 

Според него, младите генерално се многу заинтересирани за животната средина, поставуваат многу прашања... 

Светскиот ден за заштита на животната средина е прифатен и се одбележува во повеќе од 100 држави. Годинава мотото е „Седум милијарди соништа. Една планета. Употребувајте ја совесно“. 

 

 

Оцени ја веста

06.06.2015 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега