Дојран ќе блесне - Ману Чао гостин на Дојрански „Д фестивал“

Револуционерниот музичар,активист и еден од најважните гласови на светската музика, Хозе Мануел Томас Артур Чао Ортега или скратено популарниот Ману Чао летово ќе биде дел од десеттиот јубилеен „Д Фестивал“ кој ќе се одржи од 17 до 19 јули во Стар Дојран, соопштија денеска од организаторот „Пасворд продукција“.

На Ману Чао ќе му припадне честа да настапи на затворањето во уникатната фестивалска атмосфера и по тој повод во земјава ќе допатува со својата група „Ла Вентура“ која во оваа прилика ќе музицира во проширен состав.

Организаторите изразија особено задоволство што популарниот Ману Чао и официјално станува најпознатата светска фаца која стапнала на фестивалската сцена во Дојран и информираа дека покрај него на тридневниот музички маратон наречен „Д фестивал“ досега настапите ги потврдиле уште Кирил Џајковски, Фолтин, Бед Копи, Љубојна, Фулиш Грин и ПМГ Колектив.

 

 

Оцени ја веста

06.06.2015 - 11:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега