Јавно извлекување на лицата кои ќе добијат надомест за вграден сончев колектор

Министерството за економија денеска организира јавно извлекување на лицата кои ќе го остварат правото на надомест на дел од трошоците направени за купен и вграден соларен колектор во своето домаќинство од објавениот повик  за 2015 година. 

На извлекувањето ќе присуствува министерот за економија Беким Незири. 

Од сите пристигнати апликации во рокот, со јавно извлекување на транспарентен начин, ќе бидат определени оние кои ќе добијат надомест од 30 отсто од направените трошоци,  но не повеќе од 300 евра. Секој барател, кој има доставено барање за надоместување на дел од трошоците има право, доколку сака, да присуствува на јавното извлекување.

Досега вкупно се субвенционирани 3.021 домаќинство, а исплатени се вкупно 42.900.000 денари од Буџетот на Република Македонија.

 

 

Оцени ја веста

06.06.2015 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега