Чилиманов: Брука е Героски да ти ја води партијата и да ти кажува што да правиш

Бранко Героски ќе му напише, па тој излегува да каже, брука, им се смеат позади грб, вицови кажуваат на негова сметка, вели новинарот Цветин Чилиманов при гостувањето во емисијата „Јади Бурек“ на Сител 3.

-Два часа пред прес-конференцијата на Заев, Героски постира, “мислам дека СДСМ треба да одржи прес-конференција на која жестоко ќе реагира и ќе го најави своето отсуство на продолжување на преговорите на 10-ти јуни во Брисел“. И сега, два часа потоа, Заев излегува на прес конференција и кажува истото тоа што Героски ќе го напише. Потоа, по прес-конференцијат на Заев, Героски вика тоа е тоа. Браво друже Заев, кај ти текна, кој ти го кажа ова, вели Чилиманов.

Тој додава дека греота е лидер на СДСМ, втора најголема партија отворено вака да му кажуваат што да прави и да излезе што да каже.

- Героски да ти ја води партијата да ти кажува што да прави. На пет минути го менуваат ставот, вели Чилиманов.

 

 

Оцени ја веста

05.06.2015 - 23:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега