Беџети: Бев во „Шери“ но немав ниту пиштол ниту дрога

Министерот за правда Блерим Беџети го повика пратеникот на ДПА, Беким Фазлиу да не се крие зад имунитетот на пратеничката говорница и да не ја злоупотребува за клевети. Ваквата реакција на Беџети следи откако денеска, Фазлиу постаувајќи пратеничко прашање до министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, обвини дека во претресот на локалот Шери, не било постапено соодветно и дека кај Министерот за правда, кој во моментот бил таму биле пронајдени оружје и дрога.
Беџти ова го демантираше.

„Како секогаш, ова личност инсистира да придобие политички поени и да го врати неговиот персонален рејтинг внатре во партијата по дебаклот на последните локални избори. За разлика од вас од ДПА, ние никогаш не сме инсистирале да ја спречиме работата на институциите на системот, ниту, пак, сме ги злоупотребиле истите. И тоа е сè што се случило таа вечер, акцијата во споменатиот локал се спроведе според сите правила, а шпекулаците во врска со инволвирањето на луѓето што беа со мене, овој пат им ги оставам на волјата за ексклузивност на веста во медиуми. Но, сакам да истакнам дека Беким Фазлиу оди уште подалеку со својата фантазија, велејќи нешто што ниту во медиуми не беше кажано, дека кај мене е најдено нешто противзаконско. Единствената вистина што беше на медиуми за мене поврзано со случајот е дека - да, јас бев во тој момент таму и на ниеден начин моето присуство не ја попречи акцијата“, пишува Беџети

најчитано сега