Заев си го победи сопствениот рекорд во менување став

Опозицискиот лидер Зоран Заев денеска дефинитивно си го поби сопствениот рекорд во менување на сопствените ставови, откако вечерва си го погази сопствениот збор даден пред само неколку часа и соопшти дека СДСМ сепак ќе учествува на средбата во Брисел закажана за 10-ти јуни

Зоран Заев не издржа ниту четири часа за да опстои  на сопствено дадениот збор. Откако денеска свика прес конференција и децидно објави дека нема да присуствува на закажаниот состанок со еврокомесарот Јоханес Хан на 10 јуни во Брисел, поради тоа што изјавата на еврокомесарот дадена во Вашинфтом била “пристрасна и несоодветна“, вечерва од СДСМ пристигна соопштение дека средба во Брисел ќе има и на истата Заев ќе присуствувал.

Познавачите коментираат дека ова не е ништо друго, туку само очајни игри на Заев за да избега од избори и да се спаси од соочување со волјата на граѓаните. Граѓаните остро реагираат на ваквите потези на лидерот на опозицијата и прашуваат како ли овој човек сака да води држава, кога ниту четири часа не може да опстои на својата претходно дадена изјава.

Ваквите игри на Заев предизвикаа жестоки реакции кај граѓаните, кои се зачудени од неговата несериозност и неодговорност. Заев си игра со нивните судбини без трошка чувство и морал, дополнително загрозувајќи го и така катастрофалниот кредибилитет кој го има меѓу народот. 

Според упатените, денешната првична изјава на Заев му е очајна тактика која ја прочитале и претставниците на меѓународната заедница, но и од ВМРО-ДПМНЕ и токму поради тоа, владејачката партија немаше никаква реакција откако Заев соопшти дека немало да присуствува на средбата во Брисел.

Дури и најголемите поддржувачи на СДСМ, како и сите граѓани се разочарани од првиот човек на опозицијата. На социјалните мрежи врие од вицови и смеење на сметка на претседателот на СДСМ. Дел од членовите и активистите на СДСМ коментираат дека се срамат од ваквите потези на првиот човек на партијата, кој денеска го сруши сопствениот рекорд во менување став.

 

 

Оцени ја веста

05.06.2015 - 22:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега