Секоја секунда е како ден, а секоја минута вечност - мајката на Кристина го моли Господ да се појави нејзината ќерка

Дваесетгодишната Кристина Фењсароши од Србија исчезна во Лондон пред повеќе од 30 часа. Треперам од грижи за Кристина. Секоја минута е долга како ден, секој час е како вечност, вели за српски Курир Тимеа Фењшароши, мајката  на 20-годишнаат Кристина која исчезна пред два дена во Лондон. 

На Кристина во средата и се губи секаков траг. Мајката  по неколку пораки кои ги оставила на Фејсбук, а Кристина не и одговорила сфатила дека нешто не е во ред со неа во Лондон.

- Така комунициравме откако пред три недели отиде во Лондон. Стапив во контакт со нејзината цимерка, ми потврди дека Кристина исчезнала и дека никаде ја нема, вели мајката на Кристина 

Таа вели дека нејзинаат ќерка е многу одговрона личност

- Никогаш не излегувала од дома, како одлична ученичка заврши гимназија. Само нашата Кристина да е добро, рекла со вознемирувачки и трепелив глас која се надева дека властите во Лондон ќе ја пронајдат нејзината ќерка. 

Откако дознал дека нејзинаат ќерка ја нема, таткото на Кристина непрестано плаче.

- Најлошо му е на таткото на Кристина. Око не затвори од моментот кога слушна дека Кристина ја нема. Од амбасадата во Лондон ни соопштија дека се трага по нашата ќерка. Делот на Лондон каде Кристина престојувала е преплавен со фотографии со нејзиниот лик, вели мајката на исчезнатата девојка 

 

 

 

Оцени ја веста

05.06.2015 - 21:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега