Легендарниот Ленс Армстронг: Нема победа без допинг

Некогаш најдобриот велосипедист на светот Ленс Армстронг деновиве во јавноста излезе со контроверзна изјава за тоа дека Тур д Франс за да се добие мора да се конзумираат недозволени супстанци. Без нив едноставно тешко се доаѓа до победа. 

- На „Тур д Франс“ тоа е невозможно, затоа што станува збор за исцрпувачко натпреварување, на кое кислородот е решавачкиот фактор, тврди Армстронг.

Армстронг бјаснува дека забранетиот препарат ЕПО (еритропоетин) нема да му помогне на еден спринтер на 100 метри да победи во оваа дисциплина, но многу ќе му значи на долгопругаш на 10 илјади метри за да помине прв низ целта.

Токму Ленс беше ригорозно казнет во 2012 година поради користењето на недозволиви супстанци по што антидопинг комисијата на САД му ги одзеде сите седум титули на „Тур д Франс“ и му забрани д крајот на животот да се занимава со овој спорт. 

Велосипедистет на почетокот ги отфрлаше ваквите сомневања за допинг, но во едно телевизиско интервју призна дека користел коктел од супстанци кои биле недозволиви односно препарат за потикнување на крвотокот (ЕПО), потоа тестостерон, како и трансфузија на крвта, за да победи на ова натпреварување.

Изјавата на Ленс Армстронг доаѓа непосредно пред стартот на годинешнава трка, која ќе биде 100-та по ред.

„Тур д Франс“ веќе еден век важи за најтешкото натпреварување во овој спорт.

Поранешниот француски шампион Бернар Ино, кој петпати победуваше на трката, за една француска телевизиска станица остро ги отфрли тврдењата на Американецот.

Според Ино, не постои „култура на допингување“ како што заговара Армстронг и тој верува дека и без забранети супстанци може да се победи.