Со триумф над Алжир ракометарките се простија од Медитеранските игри

Заврши настапот на Медитеранските игри во Мерсин на македонските ракометарки и покрај победата над Алжир со 27:24. Нашите ракометарки со ваквата победа го избегнаа последното место на турнирот. Кај нас најефикасни беа Робертина Мечевска и Наташа Младеновска постигнувајќи дури по шест погодоци. Со четири порази и една победа завршиме на 9-то место во конкуренција на десет репрезентации на Медитеранските игри.