Ферари ја напушта Формула 1?

Големиот број на шпекулации кои што се проширија во Формула 1 за трката на Големата награда на Италија дека ќе ја снема од календарот на Ф1, наидоа на жестока реакција кај тимот на Ферари. Имено претседателот на регијата Ломбардија каде што се наоѓа Монца Роберто Марони упати сериозни критики на адреа на првиот човек на Ф1 Берни Еклстоун и му се закани дека доколку трката се укине тогаш на тоа ќе следи реакција со излегување на Ферари од натпреварувањето.  

- Берни мисли дека е господар на светот. Тој не смее на своја рака да ја елиминира Монца. Таква одлука без консултација со одговорните лица на трката и пошироко, со навивачите за кои се одржуваат трките, не може да се донесе. Ако ја исфрли Монца, постои само една вистинска реакција - повлекување на Ферари од Формула 1, изјави Марони.

Тој се понуди да помогне се што е во негова моќ доколку постојат недоразбирања околу трката во Монца. 

најчитано сега