Во Хонг Конг се одбележува 26-годишнината од крвавото задушување на бунтот на Тјенанмен
Десетици илјади жители на Хонг Конг ја одбележуваат годишнината од задушувањето на протестите на плоштадот Тјенанмен во 1989 година.
Во Пекинг на 3. и 4. јуни 1989 година, стотици, а можеби и илјадници невооружени демонстранти беа убиени кога армијата со тенкови влезе во централниот дел на градот и го задуши бунтот. Во Кина случувањата на плоштадот Тјенанмен се табу тема.
Во Хонг Конг секоја година во паркот Викторија им се оддава почит на жртвите од Тјенанмен. Но, годинава првпат не учествуваа некои студентски здруженија, кои организираа свои меморијални служби. Меѓу нив беше и Хонгкошката федерација на студенти, која беше една од движечките сили на минатогодишните протести.
Минатата година на годишнината од настаните на Тјенанмен учествуваа 180.000 луѓе, при што беше издигната копија на Богињата на демократијата, статуа која демонстрантите ја имаа поставено во Пекинг во 1989 година.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа