Заев ги повторува ставовите на Фрчковски: Kој е вистинскиот лидер на опозицијата?

 

Она што е евидентно дека Заев практично со секој свој настап наместо да соопшти некој свој нов став тој ги повторува ставовите кажани пред него од страна на таканаречените соросови експерти и платеници. Најновиот случај е денес кога за Телма, Заев го потори ставот на Фрчковски кажан претходниот ден за преодна влада која би била составен од експерти.

Од еден лидер на опозиција се очекува тој да биде првиот кој ќе ги соопштува најновите позиции и ставови а не слепо да се води од ставовите и позициите кои веќе се кажани пред него и се застарени. Па така Заев за телма го повтори ставот на Фрчковски соопштен ден претходно на Нова ТВ.

-Нека има експерти, кои ќе одговараат со својот образ и со личниот кредибилитет, а партиите ќе ги усогласат работите, изјави Заев за владата која ја бара како решение.

А претходно ваквата позиција ја соопшти Фрчковски кој кажа дека изводливо е експерти да ја водат владата-

-Сметам дека треба да биде екпертска влада, без политичката клика на Груевски... Тоа сепак ќе биде подобра опција, рече Фрчкоски.

Имено ова не е прв пат вака Заев да ги прераскажува ставовите на соросовите луѓе.  Заев постојано папагласки ги повторува тезите и ставовите кои ќе ги искреираат Фрчковски, Владимир Милчин и Бранко Геровски.

Од извори од СДСМ дознаваме дека Заев бил во постојана комуникација и се договарал со овие луѓе пред секој свој настап, но она што тие го кажуваат е дека е срамно што СДСМ се доведе на дереџе Милчин, Фрчковски и Геровски да бидат тие што ќе ја водат политиката, и наместо лидерот тие да ги кажуваат позициите на партијата.

Од она што може да се заклучи дека ваквата појава е резултат на претседател на партија кој е без визија и капацитет да излегува со свои ставови па главната потпора ја има во личности кои се компомитирани и кои наместо да се водат од општиот интерес се водат од свои лични интереси и мотиви.

 

 

Оцени ја веста

04.06.2015 - 19:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега