ИД напредува кон Хасака

 

Во последните денови припадниците на Исламска држава изведоа 13 напади со камиони-бомби врз контролните пунктови на сириската армија во околината на североисточниот град Хасака, кој е под контрола на Влада, изјави гувернерот на градот Мохамад Зал ал Али.

Тој посочи дека владината војска и милиции се обидуваат да го спречат продорот на припадниците на ИД во Хасака. Армијата создава нови контролни пунктови околу градот.

Директорот на Сириската опсерваторија за човекови права, Рами Абдел Рахман, денеска изјави дека борците на ИД стигнале на околу 500 метри од јужниот влез во Хасака и ги зазеле затворот и електростаница.

 

 

Оцени ја веста

04.06.2015 - 17:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега