На кого Геровски му кажа „пак ни го начукаа“
По лидерската средба со комесарот Хан, чиј исход се очекуваше по повеќе часовни разговори, по обеледенувањето на решението и постигнатиот договор да се оди на избори кои би се одржале во април и дополнително да се разговара во Брисел за модалитетите и механизмите кои би обезбедиле доверба од сите страни за одржување на изборниот процес, било присутно разочарување кај соросовите новинари.
Запамтен ќе остане потегот на Бранко Геровски кој веднаш по изјавата на Хан која лично ја следеше, новинари очевидци тврдат дека веднаш телефонирал и првата реченица во разговорот му била „овие пак ни го начукаа“, пишува Нетпрес.
Од оваа реченица која беше слушната од присутните новинари може да се заклучи дека постигнатиот договор од разговорите со Хан не е по мерката на Геровски како и соросовите новинарски пера за кои е познато дека се главните кретори на политичките потези на СДСМ и Зоран Заев.
Она што е непознато е кому тоа Геровски му го порача, но она што е совршено јасно и по Фејсбук коментарите и натписите кои следеа дека Геровски е незадоволен од исходот и постигнатото решение, па веднаш потоа почна да дели лекции на неговиот Фејсбук профил дека грешките не требале да се повторуваат од минатото.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа