„Инвестирај во својата иднина”- летна школа за студенти

 

Во текот на вчерашниот ден во склоп на фабриката Арчелор Митал Скопје, за прв пат се оддржа “Отворен Ден”, на кој сите заинтересирани студенти од 3-та и 4-та година од ФЕИТ, Машински и Техничко Метакуршкиот факултет, имаа можност да се запознат со програмата и условите на летната школа – “Инвестирај во својата иднина”. Целта на оваа летна школа е да им понуди можност за практична работа на дел од студентите, прку која ангажираните во одреден период ќе бидат дел од оваа компанија, а истовремено истите ќе имаат можност и за вработување во неа.

Настанот го отвори Јуан Педро Јименез Наваро, главниот извршен директор во Арчелор Митал Скопје, а презентацијата ја спроведе Марија Попова Мајсторова, директор на сектор за човечки ресурси и правни работи.

500letna-s

По презентацијата, студентите имаа можност и одблиску да се запознаат со работата на компанијата, преку прошетка во погонот.

Програмата запонува на 10-ти јуни и истата ќе трае до крајот на летото.

 

 

Оцени ја веста

04.06.2015 - 16:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега