Македонија во чекор со светската литература - Груевски и Канческа-Милевска промовираа 32 книги

 

Премиерот Никола Груевски и министерката за култура Елизабета Канческа- Милевски, денеска ги промовираа новите 32 преведени книги на проектот „Ѕвездите на светската книжевност“. Македонската читателска публика од сега ќе има можност да се запознае со уште неколку врвни дела на најголемите умови во светот на книжевноста.  

Груевски истакна дека продолжува праксата на промоција на овој проект и додаде дека досега се преведени вкупно 442 наслови.

Министерката за култура потенцираше дека и во иднина ќе бидеме во чекор со светските култури .

Академикот и претседател на стручната редакција на едицијата „Ѕвездите на светската книжевност“ Митко Манџуков истакна дека никогаш до сега во Македонија не се издвојувале толку средства за културата.

 

 

Оцени ја веста

04.06.2015 - 15:30
Фото: 
курир

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега