Орав со порака до Заев: Интересите на граѓаните пред интересите на партиите
Очигледно поради страв и избезуменост од предвремените парламентарни избори кои еврокомесарот Јоханес Хан ги најави во вторникот по средбата со лидерите на најголемите политички партии во земјава, опозициските медиуми кои се под директна контрола на СДСМ на најнизок можен начин ги испревртуваат изјавите дури и на меѓународните претставници во државава.
Дека по обелоденување на еврокомесарот Хан за нови предвреени избори кои треба да се случат до април следната година во опозицијата мириса на страв се чини најдобро покажуваат манипулациите кои ги прават соросовите медиуми по епилогот од средбата на која беше постигнат договор како рамка за излез од повеќемесечната политичка криза.
Таквите манипулации и извртувања на изјавите кои очигледно се резултат на големиот страв од избори кој владее во опозициските редови се отсликуваат со еден од насловите на порталот „Плусинфо“, со кој раководи главниот опозициски стратег, Бранко Героски.
Имено, Героски уплашен од можноста за нов убедлив пораз на изборите кои се најавени, на најнизок можен начин се обиде да ја изврти вчерашната изјава на евроамбасадорот Аиво Орав, објавувајќи текст каде во насловот се тврди дека дека Орав му порачал на Груевски дека интересите на граѓаните требало да бидат пред интересите на партиите.
Наспроти ниските манипулативни обиди на опозициските медиуми да искреираат лажни впечатоци, вистината за изјавата на евроамбасадорот Орав е дека истата се однесуваше на сите политички партии и беше испратена до сите политички лидери, вклучително и опозицискиот лидер Зоран Заев. Героски и Плусинфо ја злоупотребија изјавата на Орав и истата ја пренесоа како да е упатена само до премиерот Груевски, што е целосна невистина.
-Нашата клучна порака беше дека е важно да се стават интересите на граѓаните во земјата над интересите на политичките партии – рече евроамбасадорот Орав, пренсесе Курир.
Веднаш по изјавата на еврокомесарот Хан во вторникот за предвремени парламентарни избори до април, нервоза и страв од таквите избори почна на големо да се шират меѓу опозицијата преку социјалните мрежи
Додека некои од најгласните поддржувачи на опозицијата јавно ја покажаа нервозата преку своите Фејсбук профили, како на пример колумнистот Бранко Тричковски, други опозициски перјаници како Бранко Героски од страв и избезуменост почнаа да се служат со ниски манипулации и извртување на изјави во полза на политиките кои отворено ги застапуваат.
Покрај во медиумските редови на опозицијата, на страв мириса и во кампот на хушкачите и деструктивците лоциран пред Владата, кои се своите постапки прават огромна штета на грбот на сопствената земја.
Познавачите коментираат дека ниските и смешни манипулативни обиди на опозициските медиуми покажуваат во каква паника се тие и со какви методи се служат за да искреираат лажни впечатоци во јавноста, чекори кои очигледно се поттикнати од стравот од нови парламентарни избори и соочување со волјата на народот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа