Шприцаше крв од сите страни, го спуштив на земја да му помогнам, но залудно беше - очевидец раскажува за кобната игра на 12-годишното момче

 

Дете на возраст од 12 години почина во вторникот откако искрвари до смрт после повредите кои ги здоби во влезот од  станбената зграда во Ниш. Според информациите од полицијата детето си играло со друго дете во влезот од зградата па се стрчало во влезот, но несреќното дете удрило со главата во стаклото од вратата и се исеколо по вратот при што искрварило до смрт. 

Трагедијата се случила во вторникот околу 19 часот. Оваа трагедија ги потресе жителите на Ниш, очевидците раскажуваат како низ игра згасна млад живот:

- Слушнав како прска стакло, а пота видов дете како излегува од зградата. Маицата му беше крвава, претрчав до него, а тој ми рече: „Се исеков“,  тоа му беа последните зборови, пота почна да прска крв од сите страни... Го спуштив на земја, прво крвта што шприцаше ја запирав со рацете, а потоа со крпа кои ми ја донесоа соседите бидејќи слушнаа како викам „Помош“. Раната беше на десната страна од вратот, дупката сигурно беше околу три сантиметри, Рацете ми беа крвава до лактите, раскажува очевидецот. 

 

 

Оцени ја веста

04.06.2015 - 10:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега