Градоначалникот на Скопје реизбран за претседател на УО на ЗЕЛС

 

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски е реизбран на функцијата претседател на Управниот одбор на Заедницата на единиците на локална самоуправа на Република Македонија - ЗЕЛС.

На денешното Генерално собрание на ЗЕЛС за потпретседатели се избрани градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски, кој досега ја извршуваше таа функција и градоначалникот на Гостивар, Невзат Бејта, кој беше потрпетседател на УО на ЗЕЛС до 2009 година.

Собранието на ЗЕЛС на кое учествуваа 63 од вкупно 81 делегат, новиот состав на Управниот одбор го изгласа со два гласа против.

Против одлуката гласаа градоначалникот на Струга, Зијадин Села, и градоначалникот на општина Центар Жупа, Мазлум Хасан.

Претходно Генералното собрание едногласно ги усвои извештаите за работата на ЗЕЛС и финансискиот извештај за 2012 година. 

најчитано сега