Подгответе се за силно невреме попладнево

Претпладне се задржа сончево со слаб прменлив ветер. Во попладневните часови во источните делови од земјата се зголеми облачноста и први грмежи се регистрирани во Осоговието. По 17 часот зголемена и повремено нестабилна облачност има во северните делови од земјата и сосема на југоисток во Радовишко и во Струмичкиот дел. Во западните и во југозападните делови се уште е претежно сончево и доста топло.

До крајот на денов ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер, претежно во источните делови од земјата. Во вечерните часови нестабилноста ќе се намалува.

 

 

 

 

Оцени ја веста

04.06.2015 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега