Седници на четири собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за транспорт, врски и екологија, за економски прашања и Законодавно-правната комисија.  

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе ги разгледува предлозите на законите за изменување и дополнување на Законот за спречување на корупцијата и на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, двата во второ читање, како и измените и дополнувањата на Законот за вештачење, дополнувањето на Законот за Државното правобранителство, дополнувањето на Законот за процена и дополнувањето на Законот за бесплатна правна помош, сите во прво читање.

На дневен ред на Комисијата за транспорт, врски и екологија се измените и дополнувањата на Законот за воздухопловство, во второ читање и Статутарна Одлука за изменување и дополнување на Статутот на Агенцијата за електронски комуникации (прва фаза). 

Комисијата за економски прашања треба да се изјасни за амандманите на измените и дополнувањата на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица, на изменување и дополнување на Законот за трговија и за измените и дополнувањата на Законот за заштита на потрошувачите. 

Пратениците на оваа седница треба да ја констатираат потребата за донесување на предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за електронска трговија, за дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство, како и за предлог - законот за градежните производи, сите во прво читање. 

Седница ќе одржи и Законодавно-правната комисија.

 

 

Оцени ја веста

04.06.2015 - 09:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега