Невреме во Македонија - какво ќе биде времето до крајот на неделава?

Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала доумерена облачност, а попладне ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Ќе дува  умерен до повремено засилен североисточен ветер.  Поинтензивни поројни врнежи од дожд со грмежи ќе има во вечерните часови.

Минималната температура во интервал од 7 до 15,  а дневната од 25 до 32 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала доумерена облачност, а попладне нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер.

Минималната температура до 12, а дневната ќе достигне до 31 степени.

Нестабилно во попладневните часови ќе се задржи и во петок. За време на викендот сеуште ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи, а нестабилноста ќе биде со послаб интензитет.

 

 

Оцени ја веста

04.06.2015 - 09:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега