ШОК: Пушачи во Канада добија 12 милијарди долари одштета од три гигантски тутунски компании!

Пушачи од канадската покраина Квебек добија на суд 15 милијарди канадски долари на име одштета од три гигантски тутунски компании.

Судијата на високиот суд Брајан Риордан наведел дека компаниите со одлуката да не ги информираат здравствените институции или директно јавноста за она што го знаеле, го ставиле профитот над здравјето на своите потрошувачи.

Тој наложил компаниите да го исплатат првиот дел од компензацијата од 800 милиони долари во рок од 60 дена, без оглед дали ќе се жалат на ваквата одлука, а подоцна ќе одлучи како ќе ги распореди средствата.

Компаниите ЈTI Macdonald, Imperial Toacco I Rothmans, Benson & Hedges најавија жалби на пресудата.

 

 

 

 

Оцени ја веста

03.06.2015 - 23:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега