Бенитез со солзи во очите: Се вратив дома! (ВИДЕО)

Новиот тренер на Реал Мадрид Рафаел Бенитез се расплака при неговото претставување бидејќи по 20 години се врати во „кралскиот клуб“.

Бенитез во последните неколку години беше во центарот на вниманието како тренер на Ливерпул, Челзи, Валенсија и Наполи, но во дресот на Реал ја доби првата шанса, најнапред како играч, а потоа и како тренер во Б тимот на мадриѓаните.

-Се вратив дома. Ова беше единствена прилика. Ова воедно е тежок момент бидејќи не можам да ги опишам моите емоции. Ова е возбудлив ден бидејќи се вратив дома. Сакам да освојувам трофеи, тимот да игра добро и благодарен сум на довербата која ми е укажана, изјави Бенитез на промоцијата.

 

 

 

Оцени ја веста

03.06.2015 - 19:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега