Му пристигнала казна затоа што возел според правила и прописи

 

Австралиецот Зак Мурај (24) непријатно се изнанадил кога на домашна адреса му стигнала казна за сообраќаен прекршок, на кој пишувало дека се казнува иако возел во рамки на дозволената брзина.

- Никогаш не сум добил казна за пребрзо возење. Може ли некој да ми објасни дали јас само што добив казна за возење во рамките на ограничувањето? , ги прашало момчето своите пријатели на Фејсбук.

На казната се наведува дека момчето во зона каде е дозволено возење со брзина од 100 километри на час, возел 100 километри на час.

На крајот казната не ја платил, а од полицијата му се извиниле поради грешката. 

 

 

Оцени ја веста

03.06.2015 - 16:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега