Три возила се судрија во Тетово

Уште една страотна сообраќајна несреќа се случи во Тетово.

Откако младо момче излета со својот автомобил од пат и се удри во карпи, на улицата „Илинденска“ во Тетово се судриле три возила.

Се работи за , „Шевролет авео“ со тетовски таблици управуван од 51-годишниот тетовчанец Н.К потоа  „Фиат браво“ што го управувал 20-годишниот В.И од Лавце и паркиран „Голф“, сопственост на 36-годишниот  А.А.

Возилото „Фиат“ престигнувајќи удрило во „Шевролетот“ и се превртело додека „Шевролетот“ удрил во „Голфот“. Возачите заработиле потешки повреди, а сега се пуштени на домашно лекување.

Штетата се проценува на 150 илјади денари.

 

најчитано сега