Повеќенаменско спортско игрлиште ниина во Кичево

Повеќенаменско спортско игралиште финансирано од УСАИУД во рамки на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието (ПМИО) и од општина Кичево денеска беше пуштено во употреба во населбата Пашино, во кампусот на Основното училишпте „Санде Штериоски“.

На свеченоста присуствуваа амбасадорот на САД Џес Бејли, министерот за образованије и наука Абдулаким Адеми и градоначалникот на општина Кичево Фатмир Дехари.

Во своето обраќање амбасадорот на САД  Џес Бејли истакна дека станува збор за позитивна приказна која се случува во „Санде Штериоски“ и во низа училишта низ Македонија.

- Ова е охрабрувачка приказна за младите луѓе од Македонија и нивната иднина. Оваа приказна за создавање етничка хармонија меѓу учениците, нивните родители, наставници и соседи, исто така, треба да се пренесува и зајакне, истакна Бејли

Министерот Адеми го посочи училиштето „Санде Штериоски“ како модел за зајакнување на соживотот во оваа мултиетничка средина.

Благодарност за помошта од УСАИД до амбасадорот и владата на САД искажаа градоначалникот Дехари и директорот на училиштето Лулзим Мехмеди. 

 

 

Оцени ја веста

03.06.2015 - 15:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега