Продолжува грижата: Бесплатен одмор за 2.000 деца во социјален ризик

Од денеска стартува огласот на Министерството за труд и социјална политика за бесплатен летен одмор за деца од социјално ранливите категории. Оваа година на бесплатен одмор ќе заминат 2000 деца, а аплицирањето ќе трае до 17 јуни.

Децата од семејствата во социјален ризик, децата од семејствата приматели на социјална парична помош, децата без родители и родителска грижа, децата со пречки во развојот од петто до деветто одделение четврта година по ред ќе заминат на бесплатен летен одмор.

-Станува збор за реализација на проект од програмата на Владата на Р. Македонија, проект кој што е даден како ветување пред граѓаните во Р. Македонија. Станува збор за доследност на Владата во реализацијата и одржувањето на дадениот збор, истакна министерoт Диме Спасов.

 Дечињата ќе заминат на одмор во Струга, во период од 6 дена, односно 6 полни пансиони.

Имаат право да аплицираат родителите корисници на социјална помош, родителите корисници на социјална парична помош, корисниците на детски додаток, корисниците на посебен додаток, односно родителите на деца со пречки во развојот, како и право на бесплатен одмор за децата без родители и родителска грижа.

 Досега на бесплатен летен одмор преку овој проект биле 6000 дечиња, а на бесплатен зимски одмор 3000 дечиња.

Спасов истакна дека како Влада и понатаму ќе продолжат со проекти со кои ќе им дадат поддршка на децата кои се наоѓаат во социјалн ризик.

Родителите на децата од социјален ризик треба да поднесат само барање за бесплатен летен одмор до Центрите за социјални работи, целата постапка понатаму ќе ја води МТСП. Доколу не се исполни предвидениот број од 2000 дечиња до 17 јуни рокот за аплицирање ќе биде продолжен.

За реализација на овој проект обезбедни се 8 милиони денари.

 

 

Оцени ја веста

03.06.2015 - 12:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега