Помала група граѓани попречуваат санирање и реконструкција на мрежата на ЕВН во Грчец и Чичино село

Организирана група од десетина лица, со напади врз екипите на ЕВН Македонија, не дозволуваат да се санира дефектот во дистрибутивната мрежа и да се заврши реконструкцијата која ЕВН Македонија ја реализира во реонот на с. Грчец. Поради поголем дефект во дистрибутивната мрежа од оптоварување на дел од енергетските објекти, с. Грчец и Чичино село повеќе часови се без електрична енергија.

Со целосната реконструкција на старата мрежа ќе се воведе ред и целосна контрола во потрошувачката. Ќе се надминат и проблемите во снабдувањето и дефектите кои се случуваа во ова населено место од неконтролирана потрошувачка и огромни загуби на електрична енергија. Ќе се заменат старите дрвени со нови бетонски столбови, старите со нови проводници со поголем пресек и ќе се постават нови мерни ормари и приклучоци за корисниците. За целосно обновување на ниско напонската мрежа во овие населени места, ЕВН Македонија инвестира 1 милион евра.  

 

Проблемите во снабдувањето со електрична енергија во с. Грчец и Чичино село не ќе може да се надминат се додека оваа помала група на жители на с. Грчец не овозможат непречена работа на екипите за санирање на дефектот и за реализација на проектот за реконструкција на мрежата. 

 

 

Оцени ја веста

03.06.2015 - 11:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега