Прва литургија во црквата „Свети Константин и Елена“

Поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија г.г. Стефан утрово одржа света Божествена литургија во храмот во изградба „Свети Константин и Елена“, на улицата „Македонија“ во Скопје.

Православната црква денеска го празнува денот на светите рамноапостолни царот Константин и царицата Елена.

Црквата првпат била изградена во 1927 година на плоштадот кај Градски трговски центар. Во 1963 година земјотресот оштетил дел од неа, а целосно била урната во 1970 година. Повторно темелите беа поставени и осветени на 11 ноември 2012 година.

Првично беше планирано црквата да се гради на старото место, но потоа се одлучи да се гради на улицата „Македонија“, пред Домот на АРМ.

 

 

Оцени ја веста

03.06.2015 - 10:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега