Целосно блокиран патот Кичево - Охрид

Сообраќајот на патниот правец А2 Кичево – Охрид денеска од 16 до 17 часот ќе биде во прекин.

АМСМ соопшти дека прекинот е поради изведување градежни работи, минирање кај месноста Лавчанско речиште.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците.

 

 

Оцени ја веста

03.06.2015 - 09:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега