Ахмети со честитка за изборите во Албанија: Изборите поминаа одлично!

Денеска лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети упати честитка за изборите во Албанија кои се оддржаа пред 5 дена.

- „Сакам да ја искористам приликава да ја изразам мојата благодарност за вашата готовност и посветеност за наша меѓусебна и одлична соработка низ годините со цел да постигнеме подобар животен стандард за нашите граѓани. Посебно сакам да ја истакнам мојата благодарност за вашето присуство на централната прослава за одбележување на 100 годишнината на албанската азбука во Скопје како и официјалниот почеток на одбележувањето на 100 годишнината на Денот на албанското знаме како и на независноста на Албанија, настан кој исто така се одржа во Скопје, кои се многу значајни годишнините за албанскиот народ“, вели Ахмети во честитката.

Тој изрази уверување дека и понатаму албанските власти ќе се залагаат и ќе работат за стабилна Албанија која ќе биде економски развиена, а ќе влезе и во ЕУ.